Jump to content

Козјак (езеро)

Координати: 41°48′42″N 21°09′58″E / 41.8116° СГШ; 21.1661° ИГД / 41.8116; 21.1661 (езеро Козјак)
From Википедија
За други значења на поимот Козјак видете на појаснителната страница
Козјак
Козјак - Поглед кон Козјак од врвот Фојник, непосредно над селото Брест
Козјак - Поглед кон Козјак од врвот Фојник, непосредно над селото Брест
Поглед кон Козјак од врвот Фојник, непосредно над селото Брест
Место Општина Македонски Брод
Координати 41°48′42″N 21°09′58″E / 41.8116° СГШ; 21.1661° ИГД / 41.8116; 21.1661 (езеро Козјак)
Вид вештачко
Земји во сливот Македонија Македонија
Најг. должина 32 км
Најг. ширина 400 м
Површина 13,5 км2
Најг. длабочина 135 м
Водна зафатнина 0,38 км3


Козјаквештачко езеро во Западна Македонија, најголемо во државата, сместено помеѓу планината Сува Гора на запад и резерватот „Јасен“ на исток. Езерото е долго 32 км, некаде е длабоко и 130 м, а максималното растојание од едниот до другиот брег изнесува 400 м. Кон езерото водат два пата: јужниот пристап кон езерото води од Македонски Брод и се протега по течението на реката Треска. Другиот пристап е од Скопје при што патот се протега под јужните падини на Водно.

Езерото е создадено во 2004 г., кога започнала со работа хидроцентралата „Козјак“, со капацитет од 150 гигават-часови просечно годишно производство на електрична енергија. Целиот акумулациски систем бил проектиран од кинески инженери. Основата на браната е 500 м, а круната или врвот 310 м. Максимална кота на езерото е 469,9 м. Капацитетот на езерото е приближно 0,38 км3 вода.[1]

Флора и фауна[edit | edit source]

Во акумулацијата Козјак се среќаваат девет видови риби, но не е исклучено да се најдат и други видови на риби.[2] Во последните години активно и редовно се врши порибување на езерото.

Вид Научен назив Слика
поточна пастрмка Salmo macedonicus Поточна пастрмка
крап Cyprnus carpio Крап
виножитна пастрмка Oncorhynchus mykiss Виножитна пастримка
клен Leuciscus cephalus Клен
скобуст Chondrostoma nasus Скобуст
мрена Barbus barbus Мрена
гомнушка Alburnoides bipunctatus Гомнушка
јагула Anguilla anguilla Јагула

Галерија[edit | edit source]

Наводи[edit | edit source]

  1. Јане Војчески, „Езеро Козјак“, Економија и бизнис, година 17, бр. 189, март 2014, стр. 90-91.
  2. Езера - ЗПР „Јасен“

Надворешни врски[edit | edit source]

  • Страница за езерото „Козјак“ Архивирано на 25 март 2016 г.Општина Македонски Брод
  • Николоски, Никола (24 ноември 2017). „Необичната убавина на езерото Козјак“. ИГЕО-ПОРТАЛ.